Селекцијата на Аргентина се врати чекор наназад во обидот да дојде до место на Светското првенство во Русија 2018 и на осум кола до крајот на квалификациите се наоѓа на 5. позиција, која води во бараж. Со оглед на тоа што Јужна Америка има четири загарантирани места, засега таму се Бразил, Уругвај, Еквадор и Колумбија.
Фаворизираната Аргентина беше немоќна на дуелот против Парагвај и доживеа шок на домашен терен откако Гонзалез постигна гол уште во 18. минута. Агуеро во 47. минута не успеа да реализира пенал, кој сигурно ќе ги свртеше работите во полза на „гаучосите“, па сето ова доведе работите да останат на исто место, така што Парагвај се радуваше на три бода.
Додека на Аргентинците не им одеше без Меси, Бразил и без Нејмар се избори за три бода на гостувањето кај Венецуела, со што го презеде врвот бидејќи во дербито Колумбија и Уругвај одиграа нерешено.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Прозарт Медиа“ објави дела од врвни аргентински автори: „Разузнавачки извештаи“ и „Свињите“ на македонски јазик
-
Меси и неговата нова мајсторија за која зборува цел свет! (Видео)
-
Палота до Барселона: Дајте ни го Меси и сè ви е простено
-
Најголемиот талент во школата на Барса има 15 години и живее како крал (Фото)