| четврток, 6 декември 2018 |

Дебелкото Чилаверт, 12 години по пензионирањето

cilavert 1

Легендарниот парагвајски голман Хосе Луис Чилаверт засекогаш ќе остане во добро сеќавање на големите фудбалски фанови поради феноменалните одбрани, но и поради неверојатните голгетерски способности, а сега посебен хит на социјалните мрежи е една негова фотографија која ни доловува дека се уште сака да игра фудбал иако едноставно не личи на себе.

Чилаверт во три наврати беше прогласуван за најдобар светски голман од страна на меѓународната федерација за фудбалска историја и статистика (ИФФХС), својата кариера ја заврши со 62 постигнати гола на официјални натпревари (најмногу од слободен удар), а сега иако има многу слободно време, повремено знае да се најде одново меѓу стативите.

cilavert

Без разлика што има 50 години, очигледно е дека желбата кај легендарниот парагвајски голман едноставно не изумрела, но сепак мора да се напомене дека големиот вишок на килограми збуни голем дел од фудбалските фанови кои едноставно не го препознаа чуварот на мрежата кој ја заврши кариерата пред 12 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top