Англиската фудбалска федерација (ФА) ќе го испитува случајот во врска со промашувањето на пеналот на Вејн Руни на синоќешниот натпревар во рамките од Лига купот против Мидлсборо и елминацијата на „црвените ѓаволи“.
При изведувањето на пеналот на капитенот на Манчестер Јунајтед, некој од публиката каде што седеа навивачите на гостите, светел со зелен ласер и го попречувал изведувањето.
Ударот на Руни од белата точка го одбрани голманот на Мидслборо, Томас Меијас, а „црвените ѓаволите“ го загубија пенал-рулетот со 3-1. Покрај Руни, пеналите за домаќинот не успеаја да ги реализираат и Мајкл Керик и Ешли Јанг.
ФА потврди дека случајот ќе биде испитан, затоа што пенал-рулетот беше изведуван пред трибината каде беа сместени навивачите на Мидслброу кои на „Олд трафорд“ беа околу 10.000.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.