Британската поп-ѕвезда Адел во петокот објави нова песна по пауза од три години. Синглот Hello, чиј видеозапис на сервисот „Вево“ го погледнаа рекордни 27,7 милиони гледачи за само еден ден, е најава за третото студиско издание со наслов „25“, кое ќе биде објавено на 20 ноември годинава.
Музичарката чии хитови ги пее целиот свет открива дека како дете сакала да стане кардиолог.
– Сакав да ги поправам срцата на луѓето. Посветено учев на часовите по биологија во училиште, но набрзо почнаа да ме интересираат момчиња, па се откажав од идејата за докторска кариера – се шегува 27-годишната Британка.
Почнала да пишува песни кога имала 13 години, а како посебно влијание ја истакнува прерано починатата Ејми Вајнхаус. Адел нема профил на „Фејсбук“, а ретко се појавува на „Твитер“ и „Инстаграм“. Пејачката ги избегнува и популарните места за излегување, сака да има нормален живот за да може да пишува песни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


