Англискиот интернационалец и жива легенда на Ливерпул, Стивен Џерард кој летото се пресели во американската МЛС-лига во тимот на ЛА Галакси се надеваше дека ќе дојде до титула, но се „лизна“ во плејофот против екипата на Сиетл. Целиот свој фудбалски век го помина во Ливерпул каде цели 17 години се обидуваше да дојде до титулата во Премиерлигата во што не успеа.
Тој не случајно се пресели во Галакси кој е најтрофеен тим во МЛС-лигата со шест титули за да може да се израдува на насловот.
Англискиот ветеран одигра под своите можности во поразот од 2-3, и беше главeн виновник за вториот погодок на Сиетл на овој меч. Тој имаше одлична интервенција при резултат 2-2, но противничкиот состав сепак успеа да слави со голот на Ерик Фриберг, продолжувајќи го „постот без титула“ на Џерард за најмалку една година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.