Големиот шегобиец, човекот кој што на Фејсбук има милиони обожаватели, својата годишнина ја одбележа со компилација од своите најдобри скечеви.
Реми Галард, легендарниот шегобиец од Монтпелиер, прослави цели 15 години откако тој го сними својот прв скеч, а потоа и го објави на интернет мрежата.
Галард во чест на малиот јубилеј сподели и нов видео запис “Д бест оф”, со кој што нè потсети и на фактот зошто тој навистина заслужува толкава слава, како и тоа кого сè и на каков начин успеа да го измами.
Во овој момент, тој е дури 23-ти најпопуларен светски комичар на Јутуб мрежата, а неговите видео записи имаат повеќе од половина милијарда кликови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.