Италијанскиот калчолигаш Болоња по поразот во вторникот од Интер на домашен терен го оптушти тренерот Делио Роси и за нов шеф на стручниот штаб го именува Роберто Донадони.
Поранешниот тренер на Наполи и италијанската фудбалска репрезентација, последен пат беше тренер на Парма, а сега седнува на клупата на Болоња со цел да се обиде да ја врати на вистински колосек и да се обиде да обезбеди опстанок.
олоња во вторникот загуби од Интер (0-1) на домашен терен и има освоено само шест бода, наоѓајќи се во опасната зона на табелата. Тоа беше знак за разделба со Делио Роси, а надежта за опстанок ќе треба да ја донесе новиот тренер Роберто Донадони.
Делио Роси е вториот тренер што сезонава е отпуштен во елитната лига на Италија, откако претходно Карпи го смени Фабрицио Кастори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Експолозијата во Болоња, се судрија цистерна со запаливи течности и неколку автомобили (видео)
-
Селекторот Давитков добил отказ од клубот: Репрезентацијата на Македонија е една, клубови имало и ќе има
-
Гинекологот кој лажеше пациентка дека е бремена, доби отказ
-
Добил отказ бидејќи доаѓал порано на работа