| четврток, 6 декември 2018 |

СЗО: Туберкулозата и сидата предизвикуваат најмногу смртоносни случаи во светот

Сидата и натаму е болест што предизвикува најмногу смртоносни случаи во светот, но нејзиниот „примат“ последниве години сериозно го загрозува туберкулозата, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).

Според податоците на СЗО, во текот на 2014 година од сида во светот починале 1,2 милион лица, а од туберкулоза 1,1 милион.

Во извештајот се вклучени податоци од вкупно 205 земји и територии од целиот свет.

Лани биле регистрирани околу шест милиони нови случаи на заболени од туберкулоза, од кои дури 400.000 били инфицирани и од ХИВ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top