Одговорен како и секој прав капитен на тим, Џиџи Буфон го повика својот тим да престане да бара изговори.
Четвртиот пораз на Јувентус во новата сезона по натпреварот со Сасуоло донесе ново разочарување во таборот на „старата дама“.
Капитенот на Јувентус легендарниот голман Џиџи Буфон, смета дека екипата за своите порази и лоши резултати треба да престане ги криви судиите.
– Првото полувреме го одигравме катастрофално. Ако сме екипа од пониските лиги ќе имавме причина за задоволство со само еден примен гол. Но бидејќи сме Јувентус, дома се враќаме со наведнати глави и разочарани – изјави Буфон.
Тој се осврна и на фактот што неговиот тим поголемиот дел од натпреварот го одигра со играч помалку поради исклучувањето на Џорџо Кјелини.
– Судиите не прават грешки намерно, така да црвениот картон не ги прифаќам како изговори. Едноставно е, кога не ги реализираш своите шанси а притоа лесно ја губиш топката на среднината на теренот и неможеш да поврзеш три квалителни додавања, одговорноста е само твоја – додаде Џиџи Буфон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.