| четврток, 6 декември 2018 |

Врховниот суд одбележува 70 години од основањето

Vrhoven sud04 (Custom)Со свечена академија и конференција, Врховниот суд на Република Македонија денеска ќе одбележи 70 години од основањето.

На свечената академија ќе се обрати претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељановски, претседателката на Врховниот суд Лидија Неделкова, претставници на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, претседатели и судии на врховните судови на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија, Хрватска и Црна Гора.

Како дел од активностите за одбележување на јубилејот ќе се одржи регионална конференција на претседатели на врховни судови на земјите од регионот на тема „Судската практика на Врховниот суд и на Европскиот суд за човекови права како неопходен предуслов за обезбедување на правната сигурност на граѓаните“.

Врховниот суд ја организира конференцијата во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top