| четврток, 6 декември 2018 |

Германија ќе врати десетици илјади лица во земјите од Западен Балкан

Германија планира да врати во државите на потекло десетици илјади граѓани од Западен Балкан, бидејќи на крајот од минатата недела стапи во сила нов закон за олеснато репатрирање, изјави германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезиер. ­

migranti grcija

 

– Во следните недели бројот на случаи на репатрирани, доброволно враќање и протерување значително ќе се зголеми, истакна Де Мезиер.

Освен тоа миграциските служби ќе ја забрзаат работата за разгледување на молбите за азил. Министерот нагласи дека десетици илјади кандидати за азил од земјите од Западен Балкан, чии молби биле одбиени, ќе треба да ја напуштат Германија.

Од почетокот на годината 11.000 лица се протерани од Германија, а 27.000 доброволно ја напуштиле земјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top