| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Високото рангирање на „Дуинг бизнис“ е успех на целата држава

gruevski pres 3 (Custom)

Според премиерот Никола Груевски, посветеноста кон работата, чесниот и искрен пристап, превземените реформи и чекори доведоа до нов значаен успех и одлична вест за Македонија.

makedonija 12 vo svet za vodenje biznis

-Од европските земји пред нас се само скандинавските земји (Данска  3, Шведска 8, Норвешка 9 и Финска 10) и Велика Британија (6), што потврдува дека Македонија не само што е лидер помеѓу земјите од регионот на Југоисточна Европа, туку е и меѓу лидерите во Европа и светот.

Makedonija pred 24 zemji clenki na EU INFOGRAPHIC

Македонија на листата Дуинг бизнис годинава се најде пред многу етаблирани економии и развиени земји како Германија (15), Австралија (13), Канада (14), Австрија (21), Франција (27), Холандија (28), Јапонија (34) и други. Македонија е рангирана пред 24 земји членки на ЕУ. Македонија е далеку пред останатите земји од регионот, како Словенија која е на 29 место, Романија која е 37, Бугарија 38, Хрватска 40, Црна Гора 46, Турција 55, Србија 59, Грција 60, Косово 66, Босна и Херцеговина 79 и Албанија 97. Иако овој резултат можеби за многумина е изненадување, ние како Влада веруваме во реформите кои ги спроведуваме во Македонија, кај кои ги применуваме  светски најдобрите практики, кои ги анализираме и прилагодуваме на наши услови. Високиот ранг е само резултат на сработеното, рече премиерот.

Груевски посочи дека „Doing Business“ го изработува најголемата и најреномираната глобална институција која работи на унапредување и развој на приватниот сектор ширум светот – Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) која е независна членка во рамки на групацијата на Светска банка.

Меѓународната финансиска корпорација директно соработува и ангажира голем број домашни фирми и консултанти кои согласно унифицирана методологија ги мерат состојбите на терен, што само ја потврдува веродостојноста и релевантноста на извештајот.

MK 12 vo svetot infographic

-Факт е дека наодите од овој извештај се користат како инпут во извештаи кои се подготвуваат и од други меѓународни институции и претставува добра алатка која ги поттикнува земјите да спроведуваат реформи за создавање на подобри услови за работа на приватниот сектор. Македонија подолг период е високо рангирана според овој извештај, но оваа година за првпат  е на 12то место – што е нотирано и во извештајот. Македонија пред 9 години според истиот овој извештај беше рангирана на 94 место, но стратешката определба на Владата за унапредување на бизнис климата како најдобар начин за обезбедување на одржлив економски раст, креирање на нови работни места и подобрување на животниот стандард, придонесе земјата да направи крупен исчекор од 82 места. Практично ова значи дека земјата во овие 9 години макотрпно работела на изградбата на современи институции, при што е донесена модерна регулатива и законодавство, намалена е бирократијата и поедноставени се административните процедури, а воведени се и современи  технологии за обезбедување на квалитетни јавни услуги. Воспоставени се едношалтерски системи во Централниот регистар, Катастарот, Управата за јавни приходи, Царинската управа и други институции преку кои граѓаните и фирмите полесно, побрзо и со многу помали трошоци аплицираат и ги добиваат потребните услуги, образложи претседателот на македонската Влада.

gruevski pres 2 (Custom)

Македонија е втора земја во светот, после Нов Зеланд, каде е најлесно да отвориш фирма.

Со 4 часа законски рок и само два часа во пракса, отворањето фирма во Македонија е брзо и едноставно. За споредба, пред 10 години за да отворите фирма во Македонија биле потребни 18 дена и 10 постапки, сега само два часа и една постапка.

RANG na MK po indikatori

-За отворање на фирма не е потребен почетен капитал. Фирмата може да се регистрира електронски, без никаков трошок и без нотарска заверка на документите. Ова е многу битно за развој на претприемачкиот дух, односно ова е давање шанса на секој со добра волја и добра идеја да отвори бизнис. За споредба пред десет години Македонија според овој индикатор била рангирана на 76 место во светот. Македонија е седма во светот според условите за плаќање даноци, со една од најниските даночни стапки во светот. Во 2006 година се воведе рамниот данок од 10% кој е најнизок во Европа. Најниските даночните стапки успеавме да ги задржиме и за време на светската економска и европската должничка криза. За поддршка на бизнис заедницата воведена е повластена стапка на ДДВ за голем број производи и услуги. Плаќањето даноци се спроведува целосно електронски со што значително се намалија трошоците и административното оптоварување на фирмите. Пред десет години фирмите беа обврзани и до 54 пати годишно да ги посетуваат шалтерите на Управата за јавни приходи, додека сега постапката се сведе на само 7 постапки годишно. Ефективната даночна стапка пред десет години зафаќаше 43,5 отсто од профитот, додека денес таа е за 4 пати намалена. Со малите даночни зафаќања на фирмите им остануваат повеќе ликвидни средства на располагање. За споредба пред десет години Македонија според овој индикатор била на 79 место. Македонија е десетта земја во светот каде можеш најлесно да извадиш градежна дозвола. Воведувањето на електронски систем за добивање градежни дозволи значително ја олесни постапката и го скрати времето за добивање на дозвола. Така ако пред десет години беа потребни 18 постапки, сега нивниот број е преполовен. Времето потребно за добивање на градежна дозвола е намалено за три пати. Македонија е особено добро оценета од Дуинг бизнис и од аспект на квалитетот на градежната регулатива, што овозможува квалитет и сигурност при извршување на градежните активности. За споредба пред десет години Македонија според овој индикатор била на 86 место – истакна тој.

komparativni prednosti

Како што посочи премиерот,  особено висок е рангот на земјата и според заштитата на малцинските инвеститори, каде Македонија е 14 во светот. Високиот ранг е добар сигнал до инвеститорите дека во Македонија има модерна законска регулатива која ги штити нивните права. Сигурноста на инвеститорите е зајакната преку измени на Законот за трговски друштва и Законот за хартии од вредност за да се спречат евентуални нерегуларности од страна на мнозинските акционери, за што се предвиде договорите помеѓу заинтересираните страни да подлежат на посебни проверки од страна на независен ревизор.

MK lider vo Jugoistocna Evropa

За подобрување на транспарентноста, рече премиерот, се предвиде обврска да се објавуваат договорите со заинтересирани страни во годишните извештаи на акционерските друштва, а за зајакнување на судските постапки се унапреди и Законот за парнична постапка. За споредба пред 10 години Македонија беше рангирана на 83 место според овој индикатор.

gruevski pres 4 (Custom)

-Условите за извоз и увоз во земјава изминативе 10 години се исто така значително олеснети што е нотирано и во извештајот Doing Business каде се забележува напредок од 101 место кај овој индикатор. Напредокот се должи на сериозните и континуирани реформи во Царинската Управа, значителното намалување на царинските стапки кои се за 40% пониски споредено со 2006 година, воведувањето на едношалтерскиот систем за увозно-извозни дозволи, 24-часовно увозно-извозно царинење на граничните премини итн. Сите овие реформи заедно со политиките за привлекување на странски инвестиции резултираа денес извозот да биде поголем за два пати од пред десет години.  За споредба пред десет години Македонија според овој индикатор била на 127 место – истакна Груевски.

Тој наброја каде забележуваме висок ранг и напредок и кај останатите индикатори, при што:Македонија кај индикаторот спроведување договори има напредок од 46 места од пред 10 години, кај индикаторот Решавање на солвентност Македонија бележи напредок од 86 места од пред 10 години, кај индикаторот Пристап до електрична енергија Македонија бележиме напредок од 76 места, според Условите за регистрирање на имот Македонија бележи напредок од 37 места од пред десет години.

megu 6 vo evropa

-Напредокот во рангирањето во Извештајот „Doing Business 2016“ освен верификација на напорите на Владата за креирање на подобра бизнис клима во земјава е и одличен сигнал за странските и домашните  инвеститори. Извештајот е ценет помеѓу инвеститорите и го земаат како релевантен показател при носењето одлука каде да ги инвестираат своите средства. Праксата го потврдува тоа. Како што се подобрува рангот на Македонија на оваа листа се зголемува и бројот на странски компании кои доаѓаат во земјава, отвораат фабрики и нови работни места. Би сакал да им се заблагодарам на Светска банка, со која со години наназад имаме одлична соработка и добиваме голема поддршка при креирање и спроведување на реформите. Би сакал да им се заблагодарам на сите институции чија напорна работа придонесе за овие одлични резултати, на секој вработен во тие институции кој со својот труд и залагање придонесоа кон овој резултат и секако на минстрите со кои заедно ги водевме овие реформи значајни за вреднување на овој резултат. Сакам да им порачам на сите дека ова признание ќе биде поттик и понатаму Македонија да работи на подобрување на бизнис климата во земјата.  Овој резултат е пример како со посветена работа, заеднички труд може да се постигне многу. Овој извештај е вреднување на тој труд, а спроведените реформи и конкретни чекори се првенствено спроведени за граѓаните. Ниту една реформа не се реализира самата за себе, туку со одредена цел и намена. Нашата голема цел е подобрување на стандардот на граѓаните создавање на подобри услови за живот, и ние работиме на тоа. За тоа е потребно развој на економијата, надоместување на пропуштеното и превземање на конкретни чекори. Овој извештај и вреднувањето кое е направено со него е дел од тие чекори. Но и уште еден доказ дека успехот е можен. Ова е успех на сите граѓани, на секој поединец, успех на Република Македонија дополни премиерот .

Според Груевски, на ваков начин се рушат сите бариери и дилеми, и се потврдува дека Македонија има капацитет со напорна работа да постигне врвни резултати. Владата продолжува со несмалено темпо да гради и создава вредности, да се вложува максимум во создавање на услови за напредок, инвестиции и отворање на нови работни места, да ја оправа довербата од граѓаните, а нивната работа да се мери низ вакви и други конкретни дела.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top