Пелагониски фармер и тутунар, кои, наводно, ги предводеле протестите на земјоделците во изминатиот период во Битолско, неофицијално, се лицата кои вечерва предизвикале инцидент во штабот на СДСМ во Битола, пишува „Дневник“.
Според партиски извори, двајцата незадоволни од резултатот во вториот круг на локалните избори влегле во штабот и почнале расправија со членови на општинското раководство.
За време на расправијата, наводно, бил искршен и дел од инветарот во штабот. Но, полицијата брзо интервенирала и спречила посериозен инцидент. Од општинската организација на СДСМ велат дека ништо не се случило, а од полиција дека се испитува случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.