| четврток, 6 декември 2018 |

Колку појќе народ на погребо, толку поголем ти бил живото

crv

Вела живеачката се мерела според уми-рачката. Колку појќе народ на погребо, толку поголем ти бил живото. Како не бе! Се че биди! Че се наредат и знајни и незнајни, со некого си се пизмел цел живот, сега му се нажалило па ти дошол на погреб. Има и такви ида само да чуја нешто ново на погребите, да се кажи нешто разбрано-недоразбрано, а и да излеза од дома, да се речи дека имаа некоја обврска, па да избегаа малку од грижите свои. Оти чоек коа гледа тујѓа мака, некако, полесно се чувствува. Некои, па, јада без периз, на умрените демек да им се најдело за душа. Бутаа во устите ко гладна година, ко да не виделе. Резил. Ебати…

Ова е дел од новата монодрама „Црв“ по текст на Борче Грозданов, адаптација на лик од романот на Дејан Трајкоски „Вистина, љубов ” (Рашомонијада). Режисерската и актерската улога му се препуштени на Мите Грозданов.  Премиерата е закажана за 2 ноември на Мала сцена во Драмски Театар – Скопје со почеток во 20 часот. Цената на билетите за премиерата изнесува 300 денари.

Костимограф и сценогараф е Владо Ѓорески – Рафик, тон Чедомир Младеновски, како декоратер се потпишува Перо Ралев, а за светло е задолжен Митко Ризов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top