В понеделник, 2 ноември, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје ќе се одржи Саем на студии во Фрацнија.
Саемот го организира Францускиот институт во Скопје и одделот за високо образование „Кампус Франс“.
Овогодишното издание на Саемот на студии ќе понуди разновидна програма и присуство на претставници или алумни (поранешни и/или сегашни француски стипендисти и дипломци) на околу 30 француски универзитети. Тие ќе бидат присутни за разговор со заинтересираните за студирање во Франција. Воедно, предвидена е и програма за он-лајн разговори со македонски студенти, кои во моментов престојуваат во Франција.
Освен тоа што студентите, професорите и родителите ќе можат конкретно да се информираат за различните студиски програми кои ги нудат француските високообразовни институции, на овој саем ќе биде промовирана и новата програма за пракса во успешни француски компании.
Овој настан е дел од Регионалниот патувачки саем на студии во Франција, кој посетува повеќе земји на Балканот: Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.