| четврток, 6 декември 2018 |

Берлин во Скопје

Во рамки на центарот функционира мајсторска работилница, концептуална продавница за млади и дизајнерски брендови, детска работилница, сала за состаноци со бизнис заедницата, библиотека, галерија, како и барско ресторански дел

Вечерва во 19,30 часот се отвора „Јавна соба“, центар за дизајн и иновации, урбан и иновативен простор кој бара и нуди слобода и ум, креативност и оргиналнoст, метафорички наречен „Берлин во Скопје”. Овој простор се очекува да биде лулка на креативните индустрии во земјата и регионот.

– Ова ќе биде креативно-социјално катче за дизајнери од секаков ранг и профил. Секој од дизајнерите може слободно да дојде, да ја изложи својата идеја. Компаниите се исто така добредојдени – вели Александар Велиновски, директор на „Јавна соба“.

unnamed (5)

Во рамки на центарот функционира мајсторска работилница, концептуална продавница за млади и дизајнерски брендови, детска работилница, сала за состаноци со бизнис заедницата, библиотека, галерија, како и барско ресторански дел.

unnamed (3)

Модни, графички, дизајнери на накит, на продукт може да ги ползуваат пожностите за развој на прототипи и продажба на истите.

unnamed (2)

– Во Македонија нема доволно дизајнери. Идеја постои, но отсуствува реализација и продажба. Затоа ’Јавна соба’ е замислена како експериментален полигон, бидејќи секоја идеја може и да е најлуда, да ја реализираме. Ние тука нудиме изработка на прототипови, бидеќи подоцна е полесно прототипот да биде понуден на компаниите – вели Велиновски.

unnamed (1)

 

– „Јавна соба“ ќе ја организира во овој простор и Неделата на дизајн во Скопје која оваа година ќе се одржи од 26 до 29 ноември. На 1.450 квадратни метри ќе се одржат работилници, ќе има гостувања, изложби, музичка програма. Првото издание на Неделата на дизајн се одржа во Куршумли ан во 2011 година.

Иниицијативата е поддржана од амбасадата на кралство Холандија и Министерството за култура на РМ.

unnamed

Амбасадорот на Холандија Ваутер Пломб е импресиониран од тоа што е направено и од тоа што го нуди просторот како можност.

– Дизајнот е многу значаен и во Холандија тоа е извозен продукт. Македонскиот дизајн има голем потенцијал и му претстои светла иднина – рече Пломб.

unnamed (6)

Ентериерот во „Јавна соба“ е дело на македонската компанија „Ние и природата“ (We and nature) од Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top