Благодарност до тие што гласаа за СДСМ и за кандидатите на здружената опозиција. Им честитам на храброста на Македонците. Со ваква власт Македонија стана земја во која човек за да го даде својот глас за опозицијата треба да е храбар и да ги преземе сите ризици поради гласот. Македонија не е демократска, правна и слободна држава, беа првите зборови на лидерот на здружената опозиција, Бранко Црвенковски.
Црвенковски обвини за злоупотреба на јавните функции, како и за трошење на државниот буџет за партиски цели на партијата на власт.
– Во тоталитарен режим беа спроведени фалсификати, имаше закани и уценувања, па и увезени граѓани од други градови и од соседните држави. Оваие локални избори се нелегитимни – порача Црвенковски.
– СДСМ не претрпи пораз, поразена е целата држава – продолжи Црвенковски. Работите нема да излезат на арно, не е далеку денот кога ќе ја платиме цената, додаде тој.
Нашата битка против режимот ќе продолжи, но тоа не го може партија или група, туку само народот, порача Црвенковски по изборните резултати од вториот круг од локалните избори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.