| четврток, 6 декември 2018 |

Чудесната одбрана на Хандановиќ му донесе на Интер три бода (видео)

Inter Milan's goalkeeper Handanovic saves a goal against Bologna's Destro during their Serie A soccer match in Bologna

Интер во првиот натпревар од 10.коло во Серија А лигата славеше минимална победа од 1-0 на гостувањето кај Болоња со што за момент изби на првото место на табелата пред Рома која својот натпревар го игра вечерва на „Олимпико“ против Удинезе.
Најзаслужен за победата е голманот на „нероаѕурите“ Самир Хандановиќ кој на чудесен начин успеа да го одбрани ударот на Матија Дестро во 95 минута. Интер се помачи за новите три бода откако 60.минута беше исклучен Фелипе Мело поради втор жолт картон. Седум минути подоцна Икарди го постигна единствениот гол на натпреварот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top