| четврток, 6 декември 2018 |

Неверојатно: Меѓу бегалците и една 105-годишна Авганистанка!

На пат кон подобар и побезбеден живот во западна Европа, во прифатниот центар во Опатовац, сè уште пристигнуваат бегалци и мигранти, меѓу кои има и една 105-годишна Авганистанка, пренесува хрватски “Jutarnji list”.

Како што потврдил и портпаролот на вуковарско-сремската полиција, Домагој Џигумовиќ, старицата во центарот пристигнала на пладне со група бегалци кои од Србија во Хрватска влегле преку подрачјето Бапска.

Авганистанката моментално се наоѓа во центарот за да биде регистрирана, но и да и биде пружена помош.

Инаку, во споменатиот центар моментално има околу 700 лица, кои до крајот на денот со воз ќе бидат пратени кон словенечката граница.

Од почетокот на бегалската криза во Хрватска влегле 264.000 мигранти, стои во податоците на Министерството за внатрешни работи.

Најголем број на бегалци во Хрватска влегле минатата сабота, кога преку Бапска минале 11.500 луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top