| четврток, 6 декември 2018 |

Двa чамци со имигранти потонаа во близина на брегот на Либија, жртвите се стотици

Два чамци со илегални имигранти потонаа вчера во близина на брегот на Либија и постои загриженост дека жртвите се стотици, пренесоа агенциите.

Над 100 тела се извадени според податоците од болницата во блискиот град Зуара на западното крајбрежје, објави ББС.

Крајбрежната стража успеа да спаси 200 лица.

Првиот брод со околу 50 патници, поднел сигнал за помош вчера, а вториот, со околу 4.000 патници, потонал малку подоцна. Телата донесени во болницата во Зуара, се на имигранти од Сирија, Бангладеш и јужноафрикански земји, тврди локален жител, цитиран од BBC.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top