| четврток, 6 декември 2018 |

Вашиот профил кажува каква личност сте

lice

Обликот на лицето и профилот е она што прво се забележува при запознавање со некоја личност. Физиогномијата е наука која ги открива карактеристиките на луѓето врз основа на нивниот физички изглед.На сите им се случува некој да им е симпатичен или не на прв поглед при запознавање. Еве како обликот на лицето им служи на физиогномистите да ги откријат и протолкуваат карактерните црти на одредени личности.  Профилот на лицето според нив може да биде конвексен, вертикален и конкавен

Конкавен профил:Долната вилица е издадена напред, со тоа и долната усна, челото е истакнато
Спорост на акциите, мислите и говорот, но и голема издржливост. Заинтересирани се за теорија, медитативни, отсутни со умот, филозофираат за се, блага умерена енергија, стрпливи, сигурни, верни. Овие луѓе се мирни, со добар карактер, мислители, понекогаш и непрактични. Умеат да се совладаат и да реагираат со задршка, но на околината можат да делуваат депресивно и тмурно. Верни пријатели се, влијателни, добри организатори. Одлично помнат се, па иако не се осветољубиви, често знаат да бидат злопамтила.

Вертикален, рамен профил

Луѓето кои го имаат често на себе си поставуваат високи цели. Тоа се смирени и разбрани личности, иако во својата упорност можат да бидат дури и многу тврдоглави. Поразот е збор кој го нема во нивниот речник, бидејќи речиси никогаш не го признаваат. Љубопитни се, во потрага по вистинската смисла и суштина. Логични, рационални, ладнокрвни, директни. Секоја започната работа ја завршуваат. Никогаш не застануваат на половина пат, бидејќи тоа не е во склад со нивната амбициозна природа.

Конвексен профил:горната вилица издадена напред, па со тоа и горната усна, брадата вовлечена

Ова се луѓе кои ги краси брзина на мислење и дејствување, практичност, одлични набљудувачи, ги интересираат факти, вешти се во говорот. Енергични, нестрпливи, имулсивни, со кратка издржливост. Брзи способни, практични, добри работници. Овие луѓе се големи ентузијасти, со голем елан пристапуваат на секоја работа и веруваат во успех. Индивидуалци, некогаш и одметници. Сакаат да се грижат за другите, полни се со љубов и поддршка. Уживаат да стекнуваат нови искуства. Многу брзо реагираат, способни се во моментот да донесат вистинска одлука. Имаат бистар ум, но нестрпливоста често им е препрека во комуникацијата. Понекогаш им недостига концентрација. Со задоволство раскажуваат, но не се внимателни слушатели.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top