За лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети победата на овие локални избори е најголема, наубедлива и историска победа на ДУИ досега.
Од ДУИ прогласија победа во општините Тетово, Чаир, Студеничани, Арачиново, Теарце, Врапчиште, Брвеница, во Гостивар, а тоа го очекуваат и во Струга, каде што му дадоа поддршка на кандидатот на ДПА.
Портпаролот Бујар Османи посочи дека ДУИ е многу задоволна од овој изборен процес бидејќи, како што рече, успеала да го врати достоинството и имиџот на државата и на гласачите Албанци во државата бидејќи претходно таа слика била непотребно нарушена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


