| четврток, 6 декември 2018 |

Направил тест за татковство и се шокирал: Таткото на вашето бебе е вашиот нероден брат

-Простете господине, но вие не сте таткото на вашето новородено бебе, вашиот нероден брат му е татко!

otac-i-sin-700x352

Ова му било соопштено на еден 34-годишен маж, која моментно е единствениот познат случај на човечка химера – организам составен од две или повеќе различни генетски клетки, пишува „Индепендет“.

Сè почнало кога двојка од Америка дознала дека нивниот син, роден сосема здрав во 2014 година со помош на вонтелесно оплодување, има различна крвна група од родителиte. Загрижен, сопругот купил тест за татковство  и дознал дека неговата ДНК не се совпаѓа со ДНК на неговиот син.

profimedia-0129135172-620x350

-Можете да замислите колку биле вознемирени родителите. Мислеле дека во клиниката била користена погрешна сперма – изјавил Бери Стар, генетичар од Универзитетот Станфорд.

Лекарите од клиниката ги уверувале дека не се случила замена, а двојката решила да ангажира и адвокат.

По препорака на адвокатот, таткото и синот направиле ДНК-тест на потеклото и се дознало дека генетскиот татко, всушност, му е чичко на својот син.

Working in the laboratory

Со други зборови, таткото ги впил гените на својот брат близнак, кој умрел во матката, а потоа тие гени ги пренел на својот син.

-Човечките химери се вообичаени, но многу е тешко да се откријат. Најчесто се покажуваат во вакви невообичаени случаи – заклучил биологот.

beba_735843S1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top