Младата двојка, Лара Николиќ (22) и Патрик Блашко (27), во понеделникот наутро биле пронајдени мртви во хотелска соба во местото Бачва во Хрватска каде што решиле да преспијат по свадбата на која биле кумови.
На нивните тела не се пронајдени траги од насилство, а причината за нивната смрт сè уште не e позната, но постојат сомнежи дека се предозирале со дрога.
Причината за смртта на младата двојка сè уште не е позната. Сите можности се отворени, така што се истражува дали се работи за несреќен случај, труење или нешто слично, пренесуваат хрватските медиуми.
Увидот не бил доволен за да се утврди причината за нивната смрт, па на тоа сега работатат стручњаци од Центарот за форензичко испитување, истражување и вештачење „Иван Вучетиќ“ од Загреб.
Според изјавите на познајниците, Лара и Патрик летово почнале врската. Патрик, по студиите на Филозофски факултет во Риека, се вратил во родниот Пореч каде што се занимавал со компјутери, а пријателите ги опишуваат како мирни и срдечни млади луѓе, кои понекогаш сакале да одат на забави, но не биле склони кон ризично однесување, така што на сите им е тешко да поверуваат дека овие млади луѓе користеле дрога во кобната ноќ.
Лара Николиќ и Патрик Блашко во сабота биле на свадба кај нивни пријатели, која се одржала во позната кафеана во Бачва. Решиле заедно со други 18 пријатели со кои биле на свадбата да преспијат во мотел за да не се враќаат во раните утрински часови во Пореч, кој е оддалечен петнаесетина километри .
Во неделата наутро не се појавиле во договореното време за појадок, па еден од пријателите заминал да ги побара околу 10 часот наутро и ги пронашол мртви.
Нова опасна дога пристигнала од Италија?
Со оглед на тоа дека веднаш била исклучена можноста младата двојка да била убиена, почнаа да се создаваат разни теории за причината за нивна смрт. Една од нив е и таа за нова синтетичка дрога што е достапна во Италија и која од неодамна се појавила и на хрватскиот пазар.
Полицајците и гостите од свадбата не сакаат да даваат изјави. Истрагата ќе покаже дали момчето и девојката биле сами во апартманот, каде точно биле пронајдени и која е причината за нивната мистериозна смрт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.