| четврток, 6 декември 2018 |

Сведокот на одбраната во процесот против Ратко Младиќ во Хаг умрел од природна смрт

­ Доктор Душан Дуниќ, сведок на одбраната во процесот против генерал Ратко Младиќ во Меѓународниот трибунал за воени злосторства во поранешна Југославија, кој во четвртокот беше најден мртов во хотелската соба во Хаг, умрел од природна смрт, информира белградскиот весник „Политика“.

Ratko Mladic

 

Веста е потврдена и со првичните резултати од аутопсијата, пишува весникот.

Сведокот Душан Дуниќ престојувал во Хаг, бидејќи како сведок на одбраната требало да даде изјава во процесот против Ратко Младиќ. Неговото тело било најдено од собарка во хотелот „Краун Плаза“ и претставник на трибуналот. Членовите на неговото семејство се сомневаа дека тој умрел од природна смрт и на нивно барање на аутопсијата присуствуваше, освен холандски, и српскиот патолог Ѓорѓе Алемпиевиќ, пишува „Политика“.

Експертот за судска медицина Душан Дуниќ од Србија се појави како сведок во неколку процеси што беа разгледувани од Меѓународниот трибунал за воени злосторства во поранешна Југославија.

Поранешниот воен командант на босанските Срби, Ратко Младиќ, кој приближно 16 години се криеше од правдата, на 26 мај 2011 година беше уапсен во Србија, а на 31 мај истата година му беше предаден на Меѓународниот трибунал во Хаг.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top