| четврток, 6 декември 2018 |

Како да слабеете во зима?

 Jадете за да се стоплите

Кога физички ви е ладно, што ви звучи подобро: ладна салата или чинија топла супа? Всушност го знаете вашето тело подобро отколку што мислите. Фокусирајте се на сезонската храна, а кога е ладно може да употребувате и повеќе зачини и тревки кои затоплуваат.

Фокусирајте се на мастите што помагаат во процесот на слабеење

Знаевте дека на вашето тело му се потребни правилните масти за да ги апсорбира важните хранливи материи додека во исто време слабее? Здравите масти му помагаат на телото да ги добие потребните витамини, а воедно ви го подобруваат и расположението. Јадете маслинки, маслиново масло, авокадо, лосос, ореви, ленено семе и слично.

Јадете благо што слабее

Рафинираниот шеќер и јаглени хидрати се причинители на дебелина и болести на срцето. Оваа зима, јадете природно слатки, многу хранливи сезонски зеленчуци кои ќе ви ја задоволат желбата за слатко.

Спијте

Кога е ладно денот е краток, а човечкото тело се враќа во природната состојба на бавен метаболизам и подолго спиење. Наспивајте се кога надвор е темно и станувајте порано за да фатите што е можно повеќе дневна светлина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top