Според изборниот штаб на ДУИ, Теута Арифи е нова градоначалничка на Тетово. Таа освоила околу 24 илјади гласа. Разликата со противкандидатот е 6. 100 гласа. Тоа, според Арифи, е сериозен легитимитет од граѓаните на Тетово.
Кампањата ја оцени како коректна и позитивна, што според Арифи само го зголемува првичниот процент на поддржувачи, според анализата пред изборите.
Поддршката е мултиетничка, од сите граѓани, вели Арифи додека се чекаат деталните анализи.
Изборниот ден таа го оцени како коректен.
– Нема пријавен проблем од избирачките места, а записниците се потпишани од сите во одборите – додаде Арифи три часа по затворањето на гласачките места.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


