Членовите и симпатизерите на коалицијата „Сојуз за иднината“ почнаа со славење во Куманово. Од изборниот штаб на СДСМ велат дека нивниот кандидат Зоран Дамјановски убедливо води со повеќе од 4.000 гласа пред кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Ѓеорѓиевски.
Дамјановски вели дека на овие избори се борел против предавниците од неговата партија и против целата Влада:
– Се борев заедно со граѓаните, Македонци, Албанци, Срби, Роми, сите заедно ја браневме демократијата во Македонија. Ова беше последното упориште во Република Македонија кое сакаа да го освојат, но не им успеја. Ова е голема победа за граѓанската опција, и уште еднаш Куманово покажа дека е демократски град, град во кој се почитуваат вредностите и културните разлики и сето она што значи урбано живеење. Овој момент е круцијален за натамошниот развој на Македонија бидејќи победи демократијата.
Според ДИК, Дамјановски има освоено 52,7 проценти од гласовите, а Ѓеорѓиевски 45,38 проценти. Обработени се 31.378 гласачки ливчиња.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


