Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија имаат одлична соработка со КФОР на Косово, заклучија на денешната средба во Министерството за одбрана, министерот Зоран Јолевски и командантот на КФОР, генерал-мајор Гуџлиермо Миџлиета.
Министерот Јолевски на средбата посочил дека Република Македонија во континуитет дава придонес кон напорите на меѓународната заедница за мир и стабилност на регионот.
– Дел од тие напори е и логистичката поддршка за КФОР, истакнал министерот Јолевски – соопшти денеска МО.
Генералот Миџлиета се заблагодарил за средбата и додаде дека како и досега, потребно е и во иднина да се одржуваат постојаните контакти и средби на високо ниво.
На средбата соговорниците разговарале за геополитичката состојба во поширокиот регион и Европа, како и за состојбата околу бегалската криза која го зафати континентот. Во тој контекст, министерот истакнал дека Армијата на Република Македонија продолжува со поддршката на полицијата на јужната граница.
– Наша цел е хуман третман и ефикасен транзит на бегалците низ територијата на Република Македонија, кон нивната крајна цел – рекол министерот Јолевски.
Оваа средба е првата официјална средба на новопоставениот командант на силитна КФОР на Република Македонија, како и прва средба со министерот за одбрана, Јолевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации