Во Министерството за внатрешни работи (МВР) не стигнала пријава дека, наводно, жители на Пустец гласале во вториот круг на локалните избори, соопшти Гордана Јанкуловски, министерка за внатрешни работи на Македонија.

– Со оглед на тоа што до нас нема никаква пријава од овластено лице од избирачките одбори, не би можела да ги коментирам сите шпекулации што можеби се јавуваат на социјалните мрежи или во некои од медиумите, кои, секако, најдобро знаат што е целта од објавувањето такви информации. До овој момент до МВР нема доставено претставка или повик за интервенција со таква или слична содржина – рече Јанкулоска.
Според неа, граѓаните и денеска излегоа и мирно и достоинствено, во фер и демократска атмосфера, го дадоа својот глас за опцијата и програмата за која сметаат дека ќе им овозможи попросперитетна иднина.
Опозицијата обвини дека полицијата и државни службеници носеле фантомски гласачи во Центар од Пустец и дека за тоа поседуваат и видеоснимки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


