| четврток, 6 декември 2018 |

Земјите од регионот ќе ја зголемуваат банкарската супервизија и регулатива

нбм

Европскиот банкарски орган и супервизорските органи на Албанија, Македонија, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина и Република Српска потпишаа меморандум за соработка. Меморандумот е склучен под покровителство на Виенската иницијатива која е јавно-приватна мрежа воспоставена во 2009 година за заштита на финансиската стабилност во земјите од Централна и од Источна Европа.

Како што соопшти НБРМ денеска, со потпишувањето на овој меморандум се признаваат напорите во овие земји за унапредување и засилување на банкарската супервизија и регулатива и нивно приближување кон стандардите и практиките присутни во Европската унија.

Со Меморандумот, како што наведуваат од НБРМ, се воспоставува и рамка за соработка и размена на информации со Европскиот банкарски орган, се олеснува учеството на супервизорските органи во супервизијата на банкарските групи од Европската унија присутни во овие земји, а се зголемуваат и можностите за натамошно засилување на капацитетот на супервизијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top