Судирот меѓу учителот и ученикот, Валентино Роси и Марк Маркез, на вчерашната трка во Мото ГП шампионатот на патеката во Сепанг, Малезија сè уште се наоѓа во фокусот на вниманието на мотоцикличстичката јавност. На интернет се појви ново видео за инцидентот, кое е снимано од хеликоптер со кое се докажува дека токму актуелниот шампион Марк Маркез е главниот виновник за инцидентот.
Имено, новото видео што беше објавено денеска покажува дека Маркез е виновникот за судирот со Роси, откако влегува во линијата на движење и неколку секунди има контакт со „докторот“, по што тој мрда со ногата за да го „откачи“ Шпанецот од себе.
Само за потсетување, Роси и при изјавата по трката истакна дека Марк Маркез преопасно се залепил со него, а движењето со ногата било рефлексно, откако бил удрен со дел од моторот на Маркез во мускулот. Оваа снимка потврдува контакт, па интересно ќе биде да се види дали истата ќе биде искористена при жалбата на Италијанецот, кој ќе настојува да му биде избришана казната со која последната трка во Валенсија ќе ја стартува од последното место. Токму Роси инистираше на ова видео за да се докаже неговата невиност во овој инцидент.
Во меѓувреме Валентино Роси изјави дека сериозно ќе размисли дали воопшто ќе учествува на последната трка во Валенсија.
Во генералниот пласман „докторот“ има од седум бодови предност пред неговиот клупски колега Хорхе Лоренци и ако сака да ја освои титулата ќе мора да биде втор во Валенсија доколку победи Хорхе
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)