| четврток, 6 декември 2018 |

Попусти до 200 евра по квадратен метар на саемот „Купи куќа, купи стан“

stan

На саемот „Купи куќа, купи стан“, кој се одржува од 29 октомври до 1 ноември во Скопје сити мол, понудата на станови ќе биде проследена со големи попусти. На страницата на „Фејсбук“ на Сити мол секојдневно се објавуваат понуди на станови кои ќе бидат намалени само за саемот. Има понуда на станови во Кисела Вода, кои за саемот се намалени од 1.100 евра на 900 евра за квадрат, станови во Тафталиџе кои од 1.050 евра ќе бидат намалени на 900 евра за квадратен метар, станови во Аеродром кај „Американ колеџ“ за 836 евра за квадратен метар, но и поевтини станови во Припор и Ченто за 750, односно 770 евра за квадратен метар.

stan2

На саемот „Купи куќа, купи стан“ ќе учествуваат претставници од Министерството за финансии кои ќе нудат информација како може да се искористат субвенциите од проектот за купување на нов дом, банките кои учествуваат во проектот – кои ќе можат да направат конкретна пресметка за станбениот кредит и градежни компании со понуда на станови.

stan3

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top