Веселин Вујовиќ тренерот на ППД Загреб, по поразот во шестото коло од Лигата на шампионите од Бешикташ на гостински терен (32-30), ги загубил нервите и, како што пренесува хрватскиот портал „Спортске новости“, си поднел оставка.
Поранешниот тренер на Вардар од порано е познат по тоа што тешко ги доживува поразите, иако успеа за само една година да го врати Загреб на ракометната карта на Европа.
Не е тајна и дека голем број европски клубови го бараат Вујовиќ за нов тренер. Сепак, црногорскиот стручњак оставил и мала надеж за останување во Загреб најавувајќи разговор со Зоран Гобац, по што ќе биде решено дали останува или не.
Заминувањето на Вујовиќ би бил голем удар за Загреб, кој токму под негово водство заживеа по неколку слаби години во Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


