| четврток, 6 декември 2018 |

Заврши есенското издание на Моден викенд Скопје (фотогалерија)

Ревиите на руската модна куќа „Ен бај зет“ (N by Z), Кристина Цветковска и Олгица Ѓоргиева означија крај на дванаесеттото издание на Моден викенд Скопје , синоќа во Музејот на Македонија.

Последната вечер на скопскиот Моден викенд почна со ревијата на познатата модна куќа од Москва „Ен бај зет“ и колекцијата „Нешто поинаку“ составена од фустани, здолништа, блузи и палта за есен/зима 2015/2016.

unnamed (6)

unnamed (5)

unnamed (3)

– Колекцијата е наменета за жени што заминуваат да пазарат со план и идеја што треба да купуваат. Нашата модна куќа ги спои парчињата и за нив направи избор во кој може да се пронајде секоја жена со стил – вели дизајнерката Наталија Злодјарева.

Второто модно шоу беше на дебитантката Кристина Цветковска, која стои зад марката „Моделина“ (Modelina) и колекцијата „Ноќ во црвена свила“ (Night in red silk) за актуелната сезона есен/зима.

unnamed (2)

unnamed

unnamed (1)

– Станува збор за колекција што е инспирирана од љубовта, играта и од природата, изработена од природна свила во комбинација со сатен и мониста. Црвеното во комбинација со љубовта, зачинето со природната свила и играта на монистата ја прават колекцијата целосна која е погодна за носење во сите пригоди – вели Цветковска.

Со најновата колекција наречена „Џаст гоу“ на Олгица Ѓоргиева официјално се затвори дванаесеттиот Моден викенд Скопје.

olgica gorgieva4

olgica gorgieva3

olgica gorgieva

olgica gorgieva1

olgica gorgieva2

– Колекцијата е потсетување на тоа што веќе го имам работено во минатото со видно изменети кроеви, проширени техники на доработка, со мојот карактеристичен дизајнерски печат . Колекцијата е составена од секојдневни парчиња, венчаница и свечени тоалети изработени од кадифе, жоржет, волница, плетенина. Моите најнови креации се наменети за личности со дефиниран и специфичен вкус кои точно знаат што сакаат  – вели за колекцијата Олгица Ѓоргиева.

Во рамките на Моден викенд Скопје 12 кој се одржуваше од 21 до 25 октомври под мотото „Мода и културно наследство“ во Музеј на Македонија , посетителите видоа модна изложба наречена „Свадбени приказни“, единаесет ревии и првпат на настанот кино наречено „Лотус кози синема“.

Генерален покровител на настанот е Општина Чаир.

Моден викенд Скопје со „Пакомак“ ја продолжи екоприказната „Да го зачуваме зеленилото“ и затоа сите печатени материјали сезонава беа направени од рециклирана хартија.

фото: Дими и Ани

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top