| четврток, 6 декември 2018 |

Европа „му спакува“ 100.000 бегалци на Западен Балкан!

јункер

По седум часа преговори, мини-самитот во Брисел посветен на бегалската криза завршил со договор за распоредување на 100.000 бегалци на просторите на Западен Балкан, пишува „Јутарњи“.

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, изјавил дека во Грција ќе бидат изградени четири локации за 50.000 бегалци, а напомош ќе пристапи и УНХЦР, кој ќе смести 20.000 луѓе во своите центри.

– Мораме да го забавиме приливот на емигранти. Планот е на Западен Балкан да направиме центри за 100.000 луѓе. Не смееме да дозволиме бегалците да спијат по ливади. Мораме да бидеме хумани – рекол Јункер, додавајќи дека регистрацијата на бегалците е задолжителна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top