Американскиот филмски режисер Квентин Тарантино заедно со неколку стотици лица учествуваше во протестниот марш против полициското насилство во Њујорк.
Демонстрантите се собраа во Вашингтон сквер парк на Менхетен, по што прошетаа три километри до Шестата авенија.
Учесниците на протестот побараа правда за луѓето убиени од полицијата.
За учество на протестот Тарантино долета од Калифорнија , заедно со американскиот филозоф, писател и борец за граѓански права Корнел Вест.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.