| четврток, 6 декември 2018 |

„Арго“ ја добри наградата БАФТА за најдобар филм

„Арго“ на Бен Афлек ја доби наградата БАФТА за најдобар филм годинава според Британската филмска академија. Свеченоста се одржа во неделата навечер во Лондон. Афлек ја доби наградата и за најдобар режисер.

ben aflek520

Последниот филм во серијата за тајниот агент Џејмс Бонд, „Небесен пад“ ја доби наградата за најдобар британски филм во 2012 година, а Амаериканецот Дениел Деј Луис за улогата во „Линколн“ ја освои наградата за најдобар актер. „Небесен пад“ ја освои наградата и за најдобра музика. Емануел Рива победи во категоријата најдобра актерка и тоа за улогата во филмот „Љубов“, а наградите за споредна машка и женска улога ги освоија Кристоф Валц во „Џанго разузданиот“ и Ен Хетавеј во „Клетници“.

sekoe zlo za dobro

 

tarantino

Квентин Тарантино доби БАФТА за оригинално сценарио за „Џанго“, а Дејвид О’Расел за „Секое зло за добро“ за адаптирано сценарио.

nagrada

„Животот на Пи“, филмот во кој во еден дел, во специјалните ефекти учестуваа и македонски креативци од студиото за специјални ефекти „Фх3х“ доби две  награди и тоа за најдобри специјални визуелни ефекти и за кинематорграфија.

Целата листа на добитници може да ја погледнете тука

Фото: ЕПА

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top