Пред неколку години познатиот режисер најави дека ќе оди во пензија, но овој пат изгледа дека е сериозен во намерата да „оди кога е најдобро“.
Во едно интервју Тарантино зборувал за својот нов осми по ред филм “Омразените осуммина“, но зборувал и за можното одење од светот на филмот.
„Не верувам дека би требало да останам на бината додека луѓето не ме замолат да се симнам. Ми се допаѓа идејата за одење во моментот кога сакаат уште. Сметам дека режијата е игра за млади луѓе и ми се допаѓа идејата на папочната врвка која ги спојува мојот прв и мојот последен филм. Секако се обидувам да ги исмеам оние кои размислуваат поинаку, но сакам да излезам од тука кога сум сеуште силен. Зад себе ќе оставам филмографија од десет филмови, што значи дека ќе снимам уште два по овој“, најавил Тарантино.
Сепак својата изјава малку ја ублажил со зборовите дека десетиот филм всушност може и да не биде последниот, доколку наиде на некое добро сценарио, тогаш нема да може да го прескокне..
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе закон за покачување на пензиите за 10 отсто
-
Царовска ја почна чистката: Принудна пензија за над 1000 вработени во администрацијата
-
Во Германија ако имате помала пензија од 836 евра ќе примате социјална помош
-
Државна пензија за сите граѓани на Македонија: Еве колку ќе изнесува и како ќе функционира