Поранешниот претседател на САД Џими Картер во еден напис во „Њујорк тајмс“ раскажува каков бил во младоста актуелниот претседател на Сирија Башар ал Асад, кого го познавал додека тој бил студент во Лондон.
– Башар никогаш не им се обраќаше на потчинетите за совет или информација. За него беше невозможно тој да го смени своето мислење, посебно под притисок – вели Картер.
Барањата на САД да почнат мирна смена на Асад не се исполнија, меѓу другото и поради карактерот на сиријскиот политичар, смета Картер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.