| четврток, 6 декември 2018 |

„На Асад му е дојден крајот, треба да биде отстранет со сила“

moskva-dava-zaden-v-podkrepata-sa-bashar-asad-337576

Доколку пропаднат мировните преговори за Сирија, Башар ал Асад би требало да биде “отстранет со сила“, изјави министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија, Адел ал Хубер.

„Верувам дека Асад е слаб и дојден му е крајот“ – изјави тој за „CNN”. Како што наведе Хубер, Саудиска Арабија е подготвена да испрати копнени сили во Сирија, но само како дел од коалицијата предводена од САД. „Нема никаков сомнеж, Асад ќе си замине. Или ќе отиде со политички процес или со сила. Ние ќе направиме се што можеме да успее тој политички процес. Доколку не успее, тоа ќе биде поради сирискиот режим и неговите сојузници. А тогаш една работа станува јасна, дека не постои друг начин освен со сила да биде отстранет Асад“ – нагласи овој министер. Хубер преговорите во Минхен ги нарече многу значајни. Тој наведе дека саудиските трупи нема сами да навлезат во Сирија.

Можам да соопштам дека постои сериозна дискусија за испраќање на копнени сили во Сирија затоа што мора да постои можност за зазема на копнени територии, тоа што не може да биде направено од воздух. Ние ќе соработуваме со САД, а коалицијата треба да одлучи дали да испратиме трупи“ – изјави Хубер. Запрашан дали САД прават доволно за да го спречат конфликтот во Сирија, Хубер наведе дека “играат одредена улога“ и дека на Америка е да одлучи дали тоа е доволно. „Од моја перспектива ниту една држава, вклучувајќи ја и Саудиска Арабија не може да игра доволно голема улога“ – изјави тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top