| четврток, 6 декември 2018 |

Башар ал Асад: Успесите на војската и поддршката на Русија ќе го забрзаат политичкото решение во Сирија

Успесите на сиријската војска и силната поддршка од Русија ќе го забрза постигнувањето на политичкото решение на граѓанската војна, изјави сиријскиот претседател Башар ал Асад за руската агенција РИА, два дена откако единиците на војската на Сирија со руска помош ја презедоа контролата над древната Палмира, која беше во рацете на Исламската држава уште од мај 2015 година.

– Војната поддршка на Русија, поддршката која на Сирија и ја даваат нејзините пријатели и воените успеси на сиријската војска, сето тоа придонесува кон забрзување на политичкото решение, а на обратно – изјави Асад, а пренесува „Хина“.

Сиријскиот претседател се осврна и на индиректните мировни преговри под закрила на ОН во Женева и изјави дека неговата делегација „покажала флексибилност“ во разговорите со опозицијата за да не се пропушти ниту една шанса за постигнување решение.

Преговрите, меѓутоа не бележат напредок бидејќи владата и опозицијата се поделени околу прашањето за политичка транзиција, посебно околу останување на власт на Асад.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top