Нов пораз претрпе Металург од Баја Маре, овојпат во Скопје со 21-23, со што заминаа шансите за пласман во осминафиналето за македонскиот преставник во Лигата на шампионите.
Во финишот на мечот Металург водеше со 21-20, но прими три гола во низа и го претрпе третиот пораз во серија со еден или два гола разлика.
Првиот стрелец во ЛШ, Јанко Божовиќ беше најефикасен кај домаќините со 6 гола, извонредно бранеше Дупјачанец на голот на Металург, но тимот од Автокоманда направи премногу грешки во нападот и не успеа да освои важни бодови за пласман во осминафиналето.
Металург е петполасиран во Д групата со 4 бода од шест натпревари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.