Теута Арифи води во Тетово со 4 700 гласови – вели портпаролот на ДУИ, Бујар Османи. Се слави во Тетово. Според ДУИ, тие водат во сите девет општини во кои имаат свој кандидат.
– Имаме две победи. Победа на демократијата, победа на сите граѓани што можеа на фер начин да го исполнат своето право на глас. Втората победа е големата победа на ДУИ. Водиме во Чаир, Врапчиште, Арачиново и во Теарце. Во Тетово водиме, но има сѐ уште гласови за броење – додаде Бујар Османи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


