| четврток, 6 декември 2018 |

Борисов ја оцени ситуацијата со бегалците како хаотична: Земјите почнаа еден по еден да се спасуваат!

Сега е комплетен хаос но нашата позицијата  ќе биде многу цврста,  изјави премиерот Бојко Борисов, откако го искористи своето право на гласање, во врска со средбата на бегалците во Брисел.

Запрашан дали очекува овој пат на средбата да има поголеми резултати од досега, Борисов објасни дека не очекува. “За 10 дена трипати се собираме-Брисел, Мадрид, Брисел и всушност не се одговара на главното прашање-колку  може Европа да преземе,  и кој ги сака? Ако тоа е така, треба да кажеме како да ги запреме, како да се направи ред на ова доаѓање, ако веќе   ги прифаќаме. Сега е целосен хаос и земјите почнуваат еден по еден да се спасуваат, да ги префрлаат  на другите. Ние, кои сме на самата граница, сме изложени на голем ризик, ако сите почнат да ги враќаат назад, ние не сме слепи, гледаме “, коментира Борисов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top