Изборниот ден помина во мирна и во демократска атмосфера, каква што се очекуваше, во која граѓаните може слободно да ја изразат својата волја, оцени потпретседателот на Државната изборна комисија, Субхи Јакупи.
– Нашите информации говорат дека изборите помаа во мирна атмосфера со неколку забелешки од страна на набљудувачите и политичките партии, но тоа не го нарушува изборниот процес. ДИК презема и ќе преземе сѐ за тие да се остранат – изјави Јакупи.
Тој додаде дека изборниот процес ги исполнува сите услови за фер и демократско гласање на кое граѓаните слободно можеа да ја изразат својат волја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.