| четврток, 6 декември 2018 |

Сите пеат, само Мурињо тагува (фото)

zoze

Интересна ситуација се случи на мечот меѓу Вест Хем и Челси, а утката што ја направи Жозе Мурињо со избор на погрешно место на трибините подоцна си ја плати молчешкум.

Менаџерот на Челси доби црвен картон и мораше да се пресели на трибините, а ја одбра ложата во која беа членовите на Управата на Вест Хем. И се до 79. минута беше мирно, а тогаш Енди Керол погоди за 2-1 за Вест Хем, што предизвика огромна радост кај домашните навивачи и раководство. Сите пеат, само Мурињо тагува, ситуација што не им побегна на фоторепортерите.

Иако се наоѓа во позадина не е тешко да се забележи единствениот човек на фотографијата, кој не се радуваше на победничкиот гол на Керол.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top