Она што го прават џихадистичките заедници и што ги држи заедно дава ново светло на тоа како размислуваат екстремистите и како се однесуваат.
„Не најдов поддршка на тврдењата дека џихадистите се лицемерни опортунисти кои всушност не се грижат за религијата. Некои од нив можеби биле ’непослушни’ пред да се приклучат во ИСИС, но во моментот кога ќе станат нејзин дел, се чини дека се многу фокусирани на сите наведени работи“, рекол тој.
Жените зборуваат за животни, готвење, возење, домашни работи и шопинг, наведува Хегхамер.
Треба да се мисли и на пропагандата
Сепак, ваквите твитови треба да се земат со доза на скептицизам, со оглед на тоа што е позната големата пропаганда со која ИСИС се служи за да привлече нови членови во своите редови, осликувајќи нереалистичка слика за животот во калифат. Меѓутоа, Хегхамер во своето истражување пронашол некои примери на рекреативни активности на екстремистите.
„Зборувам за слушање на исламистички песни, гледање видеа, раскажување приказни, читање поезија, интерпретација на соништата, спортски активности, собири, готвење и слично. Многу внимание му се придава на она што би го нарекол обележување на идентитетот – облекување и уредување, прекари, слогани и одредени манири“, објаснува Хегхамер.
Ахлам ал-Наср, 20-годишна девојка родена во Сирија, ја заработила титулата поетеса на ИСИС, а позната е по тоа што во своите песни наметнува теми на радикализација, регрутирање на терористи и глорификација на насилството.
Во своите песни, ал-Наср ги слави победите на ИСИС, славејќи ги „лавовите“ и они чија „тешка борба“ донесува „ослободување“ на градовите на Блискиот исток. Исто така пишувала за тешкиот живот среде насилството.
ИСИС се диференцира од останатите терористички групи како Ал Каеда, претставувајќи се како исламистичка утопија која им носи среќа и стабилност на своите членови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.