| четврток, 6 декември 2018 |

Бесниот Мурињо им тропал на врата, судиите го испратиле на трибини

mur

Жосе Мурињо доби црвен картон и се пресели на трибините по првото полувреме, а направил и сериозен инцидент во поттрибинскиот простор на „Болејн граунд“ во Лондон.

Португалецот според извештаите на британските медиуми влегол во кавга со судиите, па дури се обидел насилно да влезе во нивните простории по завршувањето на првиот дел од градското дерби меѓу Вест Хем и Челси.

Не му е лесно ниту на Мурињо, неговиот Челси игра лошо, а бодовното салдо е скромно и по 10 натпревари во Премиерлигата „сините“ имаатс амо 11 бода. Денеска загубија од Вест Хем со 1-2.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top