ВМРО-ДПМНЕ ужива убедлива доверба кај граѓаните, покажува последната анкета што ја Институтот за политички истражувања од Скопје по барање на „Република“, за сопствени потреби. Анкетираните граѓани кои телефонски одговарале на прашањата во приодот 5 до 8 октомври годинава се изјасниле дека тие попрво би гласале за ВМРО-ДПМНЕ отколку за СДСМ, без оглед дали тргнуваат од тоа која партија е подобра за младите, која дава поголема поддршка за пензионерите, за земјоделците, или пакс е работи за стабилност, меѓуетнички односи или евро-атлантски интеграцции. По било кое прашање, најголем дел од 1100 анкетирани испитаници се изјасниле дека владејачката ВМРО-ДПМНЕ е партија за која тие би се одлучиле.
Дури 64,9 отсто од испитаниците се изјасниле дека ВМРО-ДПМНЕ е партија која би дала поголема поддршка за пензионерите, наспроти 20,8 отсто кои би ја избрале СДСМ. Голема е разликата и за поддршката за земјоделците- 58,1 за ВМРО-ДПМНЕ, 22,1 за СДСМ. Дури 51 отсто од испитаниците веруваат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе отвори нови работни места. Само 24,3 отсто сметаат дека опозиционата партија би била поуспешна во однос на ова прашање. Голема е довербата на населението во владејачката партија и во однос на поддршката на социјално ранливата категорија граѓани, дури 48,2 отсто. Само 22,8 сметат дека СДСМ подобро би се грижела за оваа категорија граѓани. И кога е во прашање поддршката на младите довербата е наклонета кон ВМРО-ДПМНЕ – дури 43,7 отсто, наспроти 27,5 отсто кои имаат доверба во СДСМ по однос на ова прашање.
ВМРО-ДПМНЕ е во предност и за останатите прашања – меѓуетнички односи, ЕУ и НАТО интеграции, стабилност и безбедност на државата, борба со корупција и криминал.
И кога е во прашање организираноста и кредибилитетот во однос на исполнување на зацртаните планови и програми, довербата на граѓаните е на страната на владејачката партија – 49,9 наспроти 18,5 отсто.
Дека СДСМ нема конкретна програма и е служи со црна пропаганда сметаат многу аналитичари и експерти. Се чини со ваквиот став се согласуваат и поголем дел од граѓаните. Дури 41,6 отсто од граѓаните веруваат дека партијата која сега е на власт има подобра програма од опозициската СДСМ за која се изјасниле 20,2 отсто. Иста е ситуацијата и во врска со прашањето за политичкиот кадар – 38,1 проценти веруваат дека ВМО-ДПМНЕ има подобар кадар од СДСМ. Со спротивен став се 27, 5 отсто.
Од ИПИС посочуваат дека ова истражување било спроведено според стадардизиран прашалник и врз основа на стратификуван примерок, кој е соодветен за населението во Република Македонија. Во примерокот се завардени демографските специфики на населението (полова структура, старосни групи, степен на образование и етничка припадност), а е направена и соодветна поделба на испитаниците според местото на живеење (урбана или рурална средина, со тоа што Скопје беше земено како посебна целина заради своите посебности). Во примерокот се застапени испитаници од сите изборни региони во Македонија.
– Одговорите ја одразуваат демографската структура на испитаниците и нивните преференции и ставови. Сите истражувања на Институтот се подложни на статистичка грешка, која изнесува +/- 2,94 проценти . Поради тоа сите резултати претставени во извештајот можат да се движат во тој интервал – посочуваат од ИПИС.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)